10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААРМ продолжува со расчистувањето по поплавите во Речица, ќе се градат и...

АРМ продолжува со расчистувањето по поплавите во Речица, ќе се градат и два моста во Порој

arm-mak-recica

Триесет и девет војници во Шипковица, како и инженериско одделение заедно со багери, копачи и друга специфична механизација во Речица секојдневно се ангажирани во помош на населението од подрачјата кои настрадаа од големите поројни дождови и наносите на земја и камења во Тетовско, информираше министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, при вчерашната обиколка на реонот.

Дополнително министерот Јолевски порача дека Инженерската единица во Армијата на Република Македонија веќе започнала со планирање и подготовка на изградба на два моста во селото Порој кои се комплетно срушени.

„Веднаш штом ќе заврши ископувањето и расчистувањето на теренот, ние ќе можеме да започнеме со поставување фундаменти на двата моста кои, на барање на локалната заедница, повторно ќе бидат изработени од дрво. Штом ќе се исчисти коритото и добиеме зелено светло, ние за 5-7 дена ќе ги изградиме овие мостови со кои значително ќе се влијае на подобрувањето на комуникацијата на населението“, рече министерот Јолевски.

Армијата на Република Македонија уште од самиот почеток е вклучена со свои припадници и механизација во расчистување на последиците од големата природна непогода. Министерот Јолевски посочи дека Министерството е во постојана координација со Владата на Република Македонија и локалната самоуправа и дека доколку биде изразена потреба, Армијата е подготвена за дополнителен ангажман за расчистување на последиците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП