21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТаблетот Nokia N1 сега во продажба и во Европа

Таблетот Nokia N1 сега во продажба и во Европа

nokia n1 tablet

Иако првично беше претставен само за кинескиот пазар, таблетот „Nokia N1“ отсега може да се купи и во Европа.

Овој таблет е достапен за купување преку „Nokiashop.co.uk“ и корисниците во Велика Британија можат да го добија во рок од 48 часа.

Нарачки може да се примат и од останатите делови од Европа, но за дополнителни 15 фунти.

Таблетот „Nokia N1“ во Европа ќе чини 315 евра, а треба да се напомене дека оваа интернет страна не е во сопственост на финскиот производител.

Инаку станува збор за таблет кој го карактеризира 7,9-инчен екран со „Gorilla Glass 3“ заштита и резолуција од 2048 x 1536 пиксели, како и оперативниот систем „Android 5.0 Lollipop“. Што се однесува до хардверот, тука е 64-битниот quad-core „Intel Atom Z3580“ процесор со такт од 2,3 GHz, 2 GB RAM и 32 GB интерна меморија, камера од 8 мегапиксели, како и батерија од 5300 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП