10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRS моделите на Renault ќе бидат хибриди

RS моделите на Renault ќе бидат хибриди

RenaultSport-megane

Идните модели на „Renault“, развиени од спортската поделба на компанијата, ќе се потпираат на хибриден агрегат. Тоа за „Autocar“ го изјави генералниот директор на „Renaultsport“ – Патрис Рати.

Според неговите зборови нема никаква смисла од преставување во блиска иднина на целосно електрична „RS“ верзија, бидејќи таа ќе има потреба од батерии кои ќе обезбедуваат високи перформанси. Тие сепак се премногу тешки и тоа ќе ја спречи динамиката на возилото.

Рати сепак, потврди дека во неговата компанија работат на хибриден спортски модел. Во неговото создавање учествуваат и професионалци, кои ги подготвуваат болидите за првенството на „Formula E“. Тоа не е случајно, бидејќи по 11 круга на чело на табелата во овој шампионат е токму тимот „e.dams-Renault“.

Освен тоа француската компанија планира да постави хибридни агрегати и на моделите од ревитализирата марка „Alpine“. Првиот автомобил од овој бренд – „АS1“, треба да излезе на пазарот во 2017-та година. По него ќе се појават кросовер, како и конкуренти на „Porsche 911“, „Panamera“ и „Cayman“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП