3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата е под 50 долари

Цената на нафтата е под 50 долари

nafta 300

Со нафтата денеска се тргува по цена под 50 долари за барел, што е најниско ниво за последните шест месеци, при преголема понуда и сигнали дека производството не се намалува.

Цената на сировата нафта падна на американската берза за 17 центи, на 44,96 долари, додека на лондонската берза порасна за 9 центи, на 49,68 долари за барел.

„Цената веројатно ќе се консолидира или дополнително ќе ослабне“, вели Карстен Фрич, аналитичар од Commerzbank.

„Перцепција е дека прекумерната понуда ќе потрае извесно време“, смета аналитичарот.

Иако американските залихи на сирова нафта во минатата недела се намалија повеќе од очекуваното, залихите на бензинот неочекувано пораснаа. Оле Хансен стратег во Saxo Bank вели дека тоа се рани показатели дека завршува американската летна сезона на возење.

Се поставува прашање што ќе се случи кога сезоната на возење ќе заврши. Одредени американски рафинерии работата со рекорден капацитет за да ги искористат високите рафинериски маржи. Но американските залихи на сирова нафта и натаму се на многу повисоко ниво од долгогодишниот сезонски просек, рече Фрич.

„Доколку продолжат да работат на овие нивоа ќе дојде до голем раст на залихите на дестилати и бензин по завршување на сезоната на побарувачка за бензин“, додаде Фрич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП