6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИInditex влезе во клубот „100 милијарди долари“

Inditex влезе во клубот „100 милијарди долари“

inditex 333

Шпанската компанија „Inditex SA“ влезе во клубот „100 милијарди долари“ на компаниите кои се проценуваат над оваа сума, пренесува „Bloomberg“. Со поскапувањето на акциите во оваа година најголемиот концерн за облека во светот ја постигна оваа пазарна капитализација, со која можат да се пофалат само уште околу 80 други концерни во светот.

Пазарната капитализација на групацијата, која ги држи марките „Zara“, „Massimo Dutti“ и „Bershka“, во средата за прв пат го надмина прагот од 100 милијарди долари, достигнувајќи 109 милијарди долари.

Акциите го искористија економското закрепнување во Шпанија, зголемените продажби на интернет и релативно слабото евро, што ја зголемува вредноста на приходите од земји надвор од еврозоната.

„Inditex“ е единствената шпанската компанија која влегува во ексклузивниот клуб и на тој начин ги надмина големите корпорации „Telefonica SA“ и „Banco Santander SA“.

Најсериозно зголемувањето на цените на акциите го искористи основачот на компанијата Амансио Ортега, вториот најбогат човек во светот по Бил Гејтс, кој поседува поголем дел од компанијата со седиште во Артеихо, северна Шпанија, „Inditex“. Нето вредност на неговото богатство се проценува на 72,3 милијарди долари, додека тоа на Гејтс изнесува 85,3 милијарди долари. Во оваа година Шпанецот го надмина во рангирањето „Bloomberg Billionaires Index“ инвестицискиот гуру Ворен Бафет.

79-годишниот Ортега ја основал компанијата во 1975-та година и се уште е член на Надзорниот одбор. Првата продавница е отворена во Ла Коруња, на северозападниот брег на Шпанија, каде Ортега живее и денес. Во меѓувреме „Inditex“ веќе има над 6.700 објекти во речиси 90 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП