На Волстрит во средата, по три ден загуби, повеќето берзански индекси зајакна предводени од добивките во технолошкиот сектор, но Dow Jones сепак благо ослабна под притисок на остриот пад на цената на акцијата на Disney.
Dow Jones ослабна за 0,06 отсто, на 17.540 поени, додека Nasdaq зајакна 0,67 отсто, на 5.139 поени, а S&P 500 зајакна за 0,31 отсто, на 2.099 поени.
Кон растот на Nasdaq најмногу придонесоа акциите на Google, Facebook и на Applea. Технолошкиот подиндекс S&P 500 скокна благодарение на тоа за еден отсто, остварувајќи најголема добивка во последните три недели.
„Дојде до ротација на капиталот во технолошкиот сектор при подобрени проценки за добивките на компаниите“, истакна Чен Моргенлендер, портфолио менаџер при инвестициското друштво Stifel, Nicolaus & Co.
Имено, се очекува технолошките компании во вториот квартал да известат за раст на добивките за 5,3 отсто, додека претходно се очекуваше нивен раст од 2,1 отсто.
Сепак, на берзата и натаму преовладува внимателност, откако во претходните три работни дена имаше продажби на акциите. Моргенлендер наведува дека забавувањето на растот на кинеската економија и натаму ги притиска акциите, особено оние поврзани со производството на суровини.
Најголем губитник вчера беше акцијата на Disney, со пад на цената за 9,2 отсто, на 110,53 долари. Станува збор за најголем пад на цената на акцијата од 1 декември 2008 година, а последица е на намалените проценки на забавната индустрија во врска со резултатите на нејзината кабелска мрежа, што имаше негативно влијание и на остатокот од овој сектор. Цената на акцијата на Comcast потона за 4,7 отсто, Discovery Communications за 12,1 отсто, а Twenty-First Century Fox за 7 отсто.
Сепак, цената на Disneya и натаму е 17,3 отсто во добивка од почетокот на годината.
„Акцијата на Disneya остари толку силен скок во изминатите месеце, такашто оваа корекција не би требала да биде изненадување“, истакна Моргенлендер.