18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстро забави вработувањето во САД

Остро забави вработувањето во САД

sad-amerika-sadsad47857

Растот на вработувањето во американскиот приватен сектор остро забави во месец јули, сопшти компанијата ADP која се занимава со пресметување на платите.

Компаниите во САД минатиот месец вработиле 185.000 нови работници, во однос на првично проценетите 237,000, пренесува агенцијата Франс прес.

Податоците од јули значително потфрлија во однос на очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа дека минатиот месец се отворени 220.000 нови работни места.

„Растот на вработувањето е силен, но забави во однос на почетокот на годината. Отказите во енергетскиот сектор и слабиот раст на вработување во преработувачкиот сектор се клучна причина која стои зад забавувањето“, изјави главниот аналитичар на бонитетната куќа „Moody’s“, Марк Занди.

Американското Министерство за труд во петок ќе ги објави официјалните резултати за вработувањето во јули, а аналитичарите проценуваат дека се отворени 229.000 работни места, во однос на јунските 223,000. Стапката на невработеност, како што се очекува, ќе остане на 5,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП