3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСекоја жена мора да знае: 5 непознати вистини за менструалниот циклус

Секоја жена мора да знае: 5 непознати вистини за менструалниот циклус

34608317055bb8836e3119823799326_w640

Врз менструалниот циклус може да влијаат и стресот и различните заболувања, но важно е да знаете што всушност значи да се има редовен циклус.

Многу жени, што се однесува до интимното здравје, тоа им го препуштаат на своите лекари низ редовните рутински контроли и прегледи.

Но, сепак постојат неколку нешта кои би требало да се знаат, а кои гинекологот можеби нема да ви ги каже, со цел да откриете во каква состојба е вашето здравје, но и за да ги ублажите менструалните болки и да дознаете што точно се случува таму „доле“.

1. ПМС-от може да се спречи

Ако се мачите со непријатни предменструални симптоми, витаминот Д и калциумот може да бидат ваши одлични сојузници. Истражување спроведено во 2005 година покажа дека зголемениот внес на калциум и витамин Д може значајно да го намали ризикот од добивање на ПМС.

Исто така, водете грижа и за исхраната. Жените кои што во просек консумирале четири оброка дневно кои опфаќале немасно млеко или млечни производи, или пак свеж сок од портокал, имале помал ризик за ПМС, покажа 10-годишно истражување.

2. Нередовните циклуси можеби и не се „нередовни“

Некои жени не овулираат редовно и затоа немаат редовни менструации. На менструацијата може да влијаат и стресот и заболувањата, но важно е да знаете што точно значи редовен циклус – од 25 до 35 дена од почетокот на крварењето до следното. Многу жени сметаат дека имаат нередовен циклус ако не добијат менструација секој месец на истиот датум, а тоа е потполно погрешен став.

3. Пократкиот менструален циклус може да укажува на анемија

Ако имате пократки менструални циклуси (15 дена) со тешки крварења, тоа би можело да укажува на фактот дека имате недостаток од железо, миоми или низок хемоглобин. Жените во текот на менструалниот циклус губат околу 50-60 мл крв, што не е количество кое кај здравите жени би предизвикало некаква нерамнотежа, па ако имате пократки циклуси, како што е опишано, побарајте лекарска помош и дознајте за што точно станува збор.

4. Губиток на маснотии – губиток на менструации

Ако вашиот BMI е премногу низок (8-12), вашето тело се поставува во „систем за преживување”, односно доаѓа до аменореја – изостанок на менструацијата.

5. ПМС-от не бара слатка храна

Научниците тврдат дека не постои ниту еден доказ за тоа дека зголемената желба за слатки е поврзана со појавата на ПМС, туку дека се е исклучиво во вашата глава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП