3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Бугарија од ЕУ ќе добијат 17 млн евра за справување...

Македонија и Бугарија од ЕУ ќе добијат 17 млн евра за справување со заедничките предизвици

еуеуеуеуеуе

Новата програма за прекугранична соработка од Инструментот за претпристапна помош „Бугарија – Македонија”, усвоена од Европската комисија на 5-ти август, ќе се фокусира на мерки за ублажување на последиците од климатските промени и мерки поврзани со зачувување на природата и биодиверзитетот, преку одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и на управувањето со ризиците на прекугранична ниво, соопштуваат од Европската комисија (ЕК).

Меѓу главните приоритети на програмата е и заштитата на објектите на природното и културното наследство во регионот. Освен тоа, финансирањето ќе помогне да се зголеми конкурентноста на малите и средни претпријатија (МСП) и да се подобри нивниот пристап до нови пазари, се наведува во соопштението на прес-центарот на Европската комисија.

„Мило ми е што ја усвоивме оваа програма за соработка помеѓу Бугарија и поранешната Југословенска Република Македонија. Прекуграничните програми зависат од силната волја на земјите-учеснички да ги здружуваат средства за да се справат со заеднички предизвици. Преку соработката во областа на животната средина, туризмот и конкурентноста на МСП регионот може да се зголеми привлечноста за туристи и инвеститори. Им посакувам и на двете страни успех во градењето на оваа соработка и во помагањето на проекти кои ќе имаат корист од регионалните предности“, изјави евркомесарот за регионална политика, Корина Крецу.

Програмата за прекугранична соработка опфаќа два погранични региони во Бугарија и три региони во Македонија. Нејзиниот буџет е над 19 милиони евра, а речиси 17 милиони евра ќе дојдат по линија на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП