12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите ја палат и уништуваат храната од Западот

Русите ја палат и уништуваат храната од Западот

78414531755c313fde9c1e423110308_w640

Во Русија стапува на сила претседателскиот декрет за уништување на нелегално увезените прехрамбени производи на кои е воведено ембаргото.

Документот, кој претседателот на Русија, Владимир Путин го потпиша на 29 јули предвидува уништување на земјоделските производи, сирење и храна увезена од земјите на кои Русија им воведе санкции, како одговор на санкциите кои Западот и ги воведе на Москва поради украинското прашање, пренесува Тасс.

Се очекува дека првата тура на нелегално увезена храна ќе биде уништена во Оренбург и Санкт Петербург.

„Дури 20 тони сирење може да бидат уништени во Оренбург, а во Санкт Петербург ќе биде уништено свинското месо“, изјави портпаролката на Управата за ветеринарна и фитосанитарна контрола, Јулија Мелано, додавајќи дека ќе бидат уништени уште три камиони нектарини.

Овошјето и зеленчукот ќе бидат однесени во депонии, додека млечните производи ќе бидат запалени како производи од висока биолошка опасност во одделенијата за уништување на отпад.

Шефот на управата за ветеринарна и фитосанитарна контрола, Сергеј Данкверт, изјави во средата дека количината на храна која нелегално се увезува во Русија е намалена за 10 проценти бидејќи е донесен претседателскиот декрет за уништување на таквите производи.

Данкверт оцени дека ќе мораат да бидат уништени неколку стотици тони храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП