12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗачинетата храна е поврзана со подолгиот живот

Зачинетата храна е поврзана со подолгиот живот

141979657755c20ae886885682200410_v4 big

Најновото истражување укажува на тоа дека луѓето кои јадат зачинета храна имаат помала веројатност да заболат од канцер и срцеви болести.

Во истражувањето се анализирани навиките во исхраната и здравствените детали на речиси милион Кинези.

Се испоставило дека ониe кои јаделе зачинета храна шест или седум дена во неделата имале за 14 проценти понизок ризик за смрт од оние лица кои јаделе зачинета храна еднаш неделно.

Консумирањето на зачинета храна исто така е поврзано и со намалениот ризик за заболување од канцер, срцеви и респираторни болести.

Кај жените исто така е намален ризикот од смрт и од инфекции.

Авторите на истражувањето истакнале дека зачините доста долго се користат за подобрување на вкусовите, давање на боја и конзервирање на храната, но тие се важни и во медицинските цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП