25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонирани пумпи за измолзување на мајчино млеко

Донирани пумпи за измолзување на мајчино млеко

pumpi doenje

По повод Светската недела на доењето (1-7 Август) компанијата Би-МЕК, ексклузивен застапник на Медела, светски лидер за производи за поддршка на мајките кои дојат донира професионални болнички пумпи за измолзување на мајчиното млеко до сите поголеми раѓалишта низ Македонија.

„Пумпите за измолзување се од огромно значење за мајките во периодот по раѓањето за воспоставување на процесот на доење. Имајќи го во предвид значењето на мајчиното млеко, како и клучната улога на доењето во развојот на новороденчето, располагањето со болничка пумпа за измолзување во раѓалиштата го олеснува и помага овој процес.“ , изјави Тања Евросимовска, директор во Би-МЕК.

Таа додаде дека Би-МЕК како авторизиран претставник на Медела од 2005-та година интензивно работи за поддршка на доњето со бројни проекти.

Покрај донацијата на медицински пумпи за измолзување, Би- МЕК е покровител на одбележување на Светската недела на доењето во Скопје Сити Мол со серија едукативни предавања и практични работилници за мајките пренесувајќи ја пораката надвор од здравствените институции во јавноста.

Целта на ваквите активности е сите идни родители да ја разберат важноста на мајчиното млеко за новороденчето и неговиот понатомошен развој од доењето и да дадат своја поддршка за мајката доилка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП