ЕКОНОМИЈА

Јункер верува дека Атина и доверителите ќе постигнат договор до 20. август

zan-klod-junker555115

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер верува во можноста Грција да случи договор со своите доверители во овој месец, најверојатно пред 20 август.

„Сите извештаи кои доаѓаат до мене ми говорат дека е можно договорот (за третиот пакет помош за Грција) да биде склучен во текот на август, веројатно пред 20 август“, рече Јункер за AFP.

Грција би требало до тогаш да и врати 3,4 милијарди евра на Европската централна банка.

Јункер оцени дека преговорите напредуваат со задоволително темпо и дека од гледиште на грчката влада и од гледиште на Комисијата.

Грчкиот министер за финансии Еуклид Какалатос исто така во вторникот рече дека верува дека ќе биде финиширан договорот за новиот пакет помош вреден 86 милијарди евра.