24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧетири од петте најголеми банки во светот се кинески

Четири од петте најголеми банки во светот се кинески

icbc22

Според најновата листа на „SNL Financial“, четири од петте најголеми банки во светот се кинески. Промената е значајна во однос на последните неколку години, кога само две кинески банки влегуваа во топ 5, пишува „CNN Money“.

„Industrial & Commercial Bank of China“ со седиште во Пекинг го држи првото место со средства во вредност од 3,5 илјади милијарди долари. Тоа е повеќе од целата вредност на британската економија.

Единствената некинеска банка, која остана во топ 5, е „HSBC“, која е со седиште во Лондон. Таа загуби две места за да се позиционира како број 4 во оваа година.

Највисоко меѓу американските банки е „JPMorgan Chase“, која е рангирана на шестта позиција со средства во вредност од 2,6 илјади милијарди долари. „SNL“ забележува дека американските банки ја пресметуваат вредноста на своите средства малку поинаку од своите конкуренти од странство заради регулациите на властите во САД. Според експертите е премногу најверојатно „JPMorgan“ да се рангира на повисоко место, ако ги користи меѓународните стандарди за известување.

Финансискиот сектор на Кина се бори со кризата во последниве недели по падот на берзата во земјата. Освен тоа кинеската економија се забавува во оваа година, предводена претежно од падот на производството.

Сепак кинеските банки успеваат да растат во споредба со конкурентите од целиот свет.

Двете банки, кои се покажаа како најмногу погодени во оваа година, се француската „BNP Paribas“ и јапонската „Mitsubishi UFJ Financial Group“. И двете беа погодени од слабеењето на валутите во нивните земји, откако еврото и јенот поевтинија значително во однос на американскиот долар во текот на изминатата година.

Топ 10 на банки според „SNL Financial“:

1. Industrial & Commercial Bank of China (Кина)

2. China Construction Bank (Кина)

3. Agricultural Bank of China (Кина)

4. HSBC (Велика Британија)

5. Bank of China (Кина)

6. JPMorgan Chase (САД)

7. BNP Paribas (Франција)

8. Mitsubishi UFJ Financial Group (Јапонија)

9. Bank of America (САД)

10. Barclays (Велика Британија)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП