19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталниот профит на Societe Generale скокна за 25 проценти

Кварталниот профит на Societe Generale скокна за 25 проценти

Societe Generale131

Француската банка „Societe Generale“ во вториот квартал од тековната година оствари нето профит на ниво на групацијата од 1,35 милијарди евра, со раст од 25,2 проценти во однос на истиот период од 2014 година.

Според консензусот на аналитичарите, во извештајниот период е очекуван профит од 969 милиони евра, пренесува францускиот весник Капитал.

Истовремено, вкупните приходи се зголемени за 16,4 проценти, на 6,87 милијарди евра, додека експертите во просек предвидуваа 6,13 милијарди евра приходи.

Што се однесува на солвентноста, оваа банка во вториот квартал завршила со стапка на сопствен капитал од 10,4 проценти, што е за 31 базен поен повеќе отколку во претходниот квартал.

Од банката нагласуваат дека со најновите резултати ги надминале зацртаните цели до крајот на 2016 година и дека очекуваат стапката на сопствен капитал тогаш да достигне 11 проценти, наместо претходно прогнозираните 10 проценти.

Како што се наведува во соопштението на банката и планот донесен во 2012 година во целина е реализиран, а до крајот на 2017 година предвидени се нови заштеди во висина од 850 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП