6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе расчистуваат патните правци околу Тетово

Се расчистуваат патните правци околу Тетово

patista 02292

Како последица од обилните врнежи во тетовскиот регион по повлекувањаето на водата останаа наноси од кал и делови од откорнати дрва на локалните патни правци.

Се работи на расчистување на сообраќајниците за да се обезбеди непречено движење. Патниот правец кон село Шипковица е пробиен сега се работи на негово проширување. Механизација ангажирана од дирекцијата за заштита и спасување работи на расчистување на локалниот патен правец помеѓу с. Селце и с. Вејце. Тетово – Јажинце, се работи на пробивање на магистралниот пат меѓу Порој, Џепчиште и Доброште, а се чисти и коритото на Поројска река.

Во Тетово, долниот крај на Диво Насеље, се расчистуваат подвозниците, ангажирана е една машина од ДЗС и механизација од ЈП Водовод и Канализација Скопје.

Преку Дирекцијата за заштита и спасување вкупно се ангажирани 15 багери и 29 камиони, а ќе бидат испорачани и 1.000 вреќи за песок кои се побарани од Дирекцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП