14 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Кина повлечени 400.000 возила на Фолксваген

Во Кина повлечени 400.000 возила на Фолксваген

golffff

Германската компанија Фолксваген објави дека ќе повлече 384.181 возила поради проблеми со менувачот, кои беа откриени минатата недела во едно ТВ шоу во Кина.

“Во ретки случаи, електричната дисфункција може да предизвика прекин во напојувањето додека автомобилот е во движење”, се вели во соопштението на германскиот гигант, кој додава дека ракувањето и сопирањето не се опфатени со овој проблем.

Спорните возила се произведени во периодот од декември 2008-та година до почетокот на март 2013-та година, а станува збор за модели како што се Aдуди A3, како и они кои се составени во Кина, Моготан и Пасат, соопшти кинеската управа задолжена за следење на квалитетот на производот (AQSIQ), која во саботата побараа нивно повлекување.

„AQSIQ“ објави по една година ја затвориле истрагата и донеле заклучок дека роботизираниот менувач„ DSG“ на германската компанија, кој може да се користи рачно без прекин, може да предизвика дефект на моторот и е потенцијална опасност за безбедноста.

Фолксваген објави дека безплатно ќе ги замени дефектните делови на тие менувачи. Овој технички проблем на германски производител на автомобили беше тема на националната телевизија „CCTV“, по повод светскиот ден за правата на потрошувачите.

Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген во 2012-та година во Кина има продадено 2.8 милиони возила, и забележа раст од речиси 25 проценти во една година, со производство од 2.6 милиони возила во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП