
Општина Аеродром соопшти дека во соработка со Хабитат Македонија неодамна го реализираше проектот за броење на станбените згради на територијата на општината.


Општина Аеродром соопшти дека во соработка со Хабитат Македонија неодамна го реализираше проектот за броење на станбените згради на територијата на општината.
Целта на овој проект e формирање регистар на станбени згради и регистар на управители, што е законска обврска на секоја општина.
Дел од податоците од пописот се достапни на општинската веб-страница, http://aerodrom.gov.mk/page/domuvanje, со што ќе бидат на располагање за граѓаните, инвеститорите, потенцијалните купувачи и други заинтересирани лица.
Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи активно да соработува и да комуницира со Заедниците на сопственици, преку организирање разни настани и предавања, кои ќе имаат за цел подобрување на живеењето во зградите, се вели во соопштението