28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобри плати и сигурна работа во хрватските пивари

Добри плати и сигурна работа во хрватските пивари

piva hrvatska

Производителите на пиво во Хрватска минатата година ја завршија во плус, а 32 пивари го зголемиле бројот на вработени за 2 отсто или на вкупно 1.503 работници, чии просечни плати од 8.812 куни (1163.09 евра) се значително над државниот просек.

Хрватските производители на пиво за минатата година прикажаа позитивен консолидиран финансиски резултат од 298,8 милиони куни (39.4 милиони евра) покажуваат податоците на Финансиската агенција (Fina), oбјавени по повод Меѓународниот ден на пивото, 5-ти август.

Во оваа активност, според податоците обработени од годишните финансиски извештаи, работеле 32 претприемачи, кај кои биле регистрирани 1.503 вработени, што во однос на една година претходно е зголемување на бројот на вработени за два проценти.

Просечната месечна нето плата во производството на пиво изнесува 8.812 куни (1,163.09 евра), што е за 0,9 отсто повеќе отколку пред една година, како и за 80,6 проценти повеќе од просечната месечна нето плата на вработени кај претприемачите на ниво на Хрватска (4,878 куни – 643.84 евра).

Според податоците на „Finа“, пиварниците минатата година оствариле вкупен приход во износ од 2,1 милијарди куни (277 милиони евра), што е намалување за 11,9 oтсто во однос на 2013-та година, додека вкупните расходи се намалени за 6,1 проценти или на 1,8 милијарди куни (237 милиони евра).

Во 2014-та пиварите објавија позитивен консолидирани финансиски резултат (298,8 милиони куни – 39,4 милиони евра), и покрај намалувањето на нето добивката за 40 отсто во однос на претходниот период. Со добивка работеле 53,1 oтсто, односно 17 пивари, а 15 од нив работеле со загуба.

Доминантна улога има Загребската пивара, која со вкупен приход од 914,1 милиони куни (120,6 милиони евра) во вкупните приходи на сите пивари има удел од 42,3 проценти.

На второ место е „Heineken Croatia“ со 695,2 милиони куни приход (91,7 милиони евра), а следат копривнички „Carlsberg Croatia“ (294,7 милиони куни – 38,8 милиони евра), Пивовара Осијек (60,3 милиони – 8,3 милиони евра) и Истарска пивара (48,2 милиони куни – 6,3 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП