28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија се залага за создавање на Европски монетарен фонд

Италија се залага за создавање на Европски монетарен фонд

italija-ministerrrr

Италија се залага за поцврсти европски интеграции и создавање на Европски монетарен фонд (ЕМФ), соопшти италијанскиот министер за финансии, Пјер Карло Падоан.

„Монетарната унија порано или подоцна ќе мора да се темели на заеднички елементи. Според моето, мислење, тоа се Европскиот монетарен фонд, механизмот за осигурување против шокови на пазарот на труд и заеднички буџетски извори“, рече Падоан.

Тој оцени дека доколку тоа не се случи, монетарната унија ќе остане затечена „среде река и ризикува да ја погоди уште по разорен бран и да биде збришана“, пренесе Танјуг.

Падоан појасни дека со економски речник неговиот предлог се нарекува делење на ризиците, додавајќи дека „risk sharing-от“ е она што ја зајакна монетарната унија во изминатите години, што подразбира делење на ресурсите и финансиските и политичките.

Коментарот на Падоан уследи по иницијативата на Португалија за формирање на ЕМФ, кој би ја презел водечката улога за време на економска криза, која досега ја имаше Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со седиште во Вашингтон.

Португалија, која во 2011 година прими финансиска помош од ММФ и од ЕУ, наведува дека благодарение на ЕМФ држави како Грција кои ќе се најдат во проблеми би можеле да се обрата до една институција, наместо да се потпираат на одобрување на програма за помош во повеќе национални парламенти.

Идејата за основање на ЕМФ прв пат се јави во 2010 година, а ја поддржаа Германија и Франција, наведувајќи дека таквата институција би можела да биде нов фонд за помош на државите кои во иднина би се соочиле со финансиски потешкотии.

Критичарите, меѓутоа, порачаа дека основањето на таков фонд повеќе би ја намалило стабилноста на ЕУ отколку да ја зајакне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП