21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинези, се уште ќе го трпите доларот

Кинези, се уште ќе го трпите доларот

6627448355c1befd1d13d470268690_w640

Меѓународниот монетарен фонд би требало до септември 2016 година да го одложи вклучувањето на кинеската валута јуан во неговата кошница со валути.

Новиот извештај е објавен по интензивирањето на дипломатските напори на Кина за вклучување на јуанот во кошницата со валути на ММФ, пренесува Ројтерс, и додава дека долгорочната стратешка цел на официјален Пекинг е всушност намалувањето на зависноста од доларот.

Одборот на директори на ММФ во ноември би требало да ја донесе одлуката за потенцијалното вклучување на јуанот во меѓународната кошница со валути, во која во моментот се наоѓаат доларот, еврото, фунтата и јенот. Одлуката за тоа прашање, сепак, би можела да биде одложена, доколку законодавците одлучат дека им се потребни дополнителни информации.

„Одложувањето на измената на содржината на кошницата со валути за девет месеци, односно до септември 2016 година, би овозможило избегнување на колебањето на финансиските пазари во текот на првите денови од новата година“, наведува ММФ во својот извештај.

Според тој извештај, јуанот ги исполнува критериумите како валута која се користи во меѓународниот извоз на стока и услуги, но потребно е и другте критериуми да бидат испитани.

„Во клучниот фокус на нашата ревизија ќе биде одлуката за тоа дали јуанот е слободна валута“, се наведува во извештајот и се додава дека иако јуанот, познат како ренминби (RMB) се кориси на големо во прекуграничните трансакции и во Азија, со него малку се тргува во Северна Америка и не се користи многу на меѓународниот пазар на обврзници, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП