26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБилд: Грција продава 150 острови

Билд: Грција продава 150 острови

gr ostrovi 22

За да ги сервисира своите долгови кои изнесуваат десетици милијарди евра, грчката влада сега сака да продаде или изнајми за 99 години 150 од вкупно 598-те острови, објави „Билд“.

Весникот потсетува дека кога оваа идеја била подигната од нивна страна во март 2010-та година, имало акутна реакција на Атина. Промената во позицијата на Атина може да се објасни со тоа дека Владата склучи договор во јули со земјите од еврозоната за создавање на фонд за приватизација (50 милијарди евра).

gr ostrovi 23

Ова треба да оствари, откако ќе започне продажба на државната сопственост (концерни, недвижен имот), а парите да бидат инкасирани во државниот трезор, за да можат да бидат покриени долговите кон странските кредитори.

„Билд“ додава дека располага со листа на 50 ненаселени острови, кои ќе бидат продадени. За привлекување на потенцијални клиенти владата во Атина би требало да ги поедностави правилата за решавање на изградба и придружните норми за заштита на животната средина. Така ќе биде олеснето градежништвото, издавањето на лиценци за хотели, марини и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП