16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина ја доби втората транша помош од ММФ од 1,7 млрд долари

Украина ја доби втората транша помош од ММФ од 1,7 млрд долари

High_noon_in_relations_between_IMF_and_Ukraine_has_matured__159588

Украина вчера ја доби втората транша од кредитот од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во висина од 1,7 милијарди долари, соопшти Народната банка на Украина.

Во петокот извршниот совет на фондот го одобри давањето на 1,7 милијарди долари, пренесува агенцијата Риа новости.

„Средствата кои вчера ги добивме од ММФ ќе бидат насочени кон пополнување на меѓународните резерви. Нашите меѓународни резерви растат во целина со сигурно темпо и до крајот на 2015 година планираме дека ќе достигнат ниво од речиси 18 милијарди долари“, изјави директорката на Народната банка на Украина, Валерија Гонтарева.

Четиригодишната програма за финансиска помош на Украина ја утврди советот на директори на ММФ на 11. март. Програмата предвидува дека ММФ ќе и додели на Украина 17,5 милијарди долари, а сите меѓународни кредитори за четири години 40 милијарди долари.

Украина на средината на март веќе ја доби првата транша помош од ММФ од пет милијарди долари.

Киев смета дека во 2015 година ќе добие вкупно 10 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП