26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФејсбук е најпопуларен во 127 земји

Фејсбук е најпопуларен во 127 земји

face1

Најпопуларната социјална мрежа во светот, Фејсбук уште еднаш го докажа приматот, таа според истражувањата е лидер во 127 земји во светот.

Истражувањето на аналитичарите на социјалните медиуми „Vincenzo Cosenza“, покажува дека Фејсбук станува се повеќе популарен.

Фејсбук е доминантна социјална мрежа во 127 од 137 земји кои беа анализирани од страна на „Cosenza“, а во немилосрдниот марш кон глобалната доминација, во јуни минатата година, беа приклучени и Ерменија, Киргистан, Литванија и Виетнам.

На страна сеуште се држи Русија и земјите од поранешниот Советски сојуз, Кина и Иран, кои имаат сопствени социјални мрежи како „KuZon“ i „Club“.

Според податоците на „Cosenza“, Азија е главен двигател на растот, бидејќи со 278 милиони корисници ја надмина Европа со нејзините 251 милион корисници.

Во Северна Америка регистрирани се 243 милиони корисници, во Јужна Америка 142 милиони, во Африка 52 милиони и 15 милиони корисници во Океанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП