6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПопуларноста на електричните возила се зголемила два пати за една година

Популарноста на електричните возила се зголемила два пати за една година

leaf1

Автомобилите кои се придвижуваат со помош на електрична енергија, драстично ја зголемиле својата популарност во 2015-та година. Истражувањето на сајтот ev-sales.blogpost.com“ покажува дека за првите 6 месеци од оваа година во светот се продадени 50% повеќе вакви машини во споредба со истиот период во 2014-та година.

Најсериозен раст на продажбата е забележан на најголемиот пазар во светот – кинескиот. Таму резултатот за првото полугодие е за 175% повисок. Во Европа исто зголемувањето е значително – за 78%.

Лидер во продажбата продолжува да е „Nissan Leaf“ (на фотографијата) со 25.068 примероци, што претставува 12% од целиот пазар на електрични возила. Следат „Tesla Model S“ – 21.552 (11%), „Mitsubishi Outlander“ – 17.104 (8%), „BYD Qin“ – 16.477 (8%), „BMW i3“ – 10.554 (5%), „Renault Zoe“ – 8.528 (4%), „Volkswagen e-Golf“ – 7.150 (4%), „Volkswagen Golf GTE“ – 6.604 (3%), „Chevrolet Volt“ – 6.362 (3%), „BAIC E-Series EV“ – 5.803 (3%) и други.

На табелата на држави во кои најдобро се продаваат електрични возила, лидер е Норвешка со 17.000 примероци. Тоа е 23,22% од вкупната продажба на патнички автомобили. Следат Велика Британија со 14.000 (1,01%), Франција – 14.000 (1,19%), Холандија – 12.000 (5,94%), Германија – 10.000 (0,6%) и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП