7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААрхеолозите веруваат дека ги нашле портата и ѕидините на родниот град на...

Археолозите веруваат дека ги нашле портата и ѕидините на родниот град на Голијат

arheolozi-golijat

Археолозите од израелскиот универзитет Бар-Илан ги откриле во Јудејските низини подножјето на портите и ѕидините на легендарниот град Гет, каде што според библиските митови се родил гигантот Голијат, кој бил поразен од идниот јудејски цар Давид.

Во текот на изминатите дваесет години тим археолози под раководство на Арен Меир од универзитетот Бар-Илан во израелски Рамат-Ган спроведуваа ископувања во подножјето на планината Хеброн, каде во древните времиња имало поседи на Филистејците, главните соперници во регионот на првите владетели на Јудеја и Израел.

Филистејците, судејќи според изворите од тоа време, биле „народ од морето“ кој потекнувал од древните Египќани, ткн Пелесгамите, коишто безуспешно настојувале да го завладеат Древен Египет и биле отфрлени или самите се населиле на териториите на современа Палестина по судирот со фараонот Рамзес III. Еден од најголемите филистејски градови станала населбата Гет, којашто постоела до VIII век од нашата ера, кога била разорена од Хазаелај, царот на Арамејците.

Професорот Меир истакнува дека многу одамна археолозите сметаат дека остатоците од градот Гет треба да се наоѓаат на националниот парк Тел ес-Сафит, каде што во 1996 година започнаа големи археолошки ископување на научниците од универзитетот Бар-Илан и од многу други европски и американски научни институции.

Во изминатиот период научниците откриле голем број докази дека Гет навистина се наоѓал во Тел ес-Сафит. Успеале да најадат, меѓу другото, остатоци од храмови, траги од земјотрес од VIII век пред Христа, споменати во библиските записи, многубројни украси и културни артефакти, неколку натписи на пеласгитески јазик, во кои се споменува Голијата, како и траги од оружјата за опсада на војската на Хазелај.

Новиот корпус откритија, бил уште поинтересен за израелскиот археолог и неговиот тим, кои успеале да ја откријат гигантската порта на Гет, спомената во легендата за тоа како идниот цар Давид се сокрил од гневот на царот Саул во градот на своите поранешни непријатели, како и ѕидините околу родниот град на Голијат. Огромните димензии на портите од Гет, сметаат археолозите, говорат за тоа дека овој некогашен град-држава бил важен центар на економската и политичката моќ во регионот.

Иако научниците сé уште не успеале да пронајдат табли или други пишани извори, документи, коишто би укажувале за тоа дека оваа населба навистина е легендарниот град, ископувањата ќе продолжат сé додека Меир и неговите колеги не најдат такви докази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП