22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОштетената мрежа на ЕВН Македонија во тетовскиот регион е санирана

Оштетената мрежа на ЕВН Македонија во тетовскиот регион е санирана

евн-мреза

Екипите на ЕВН Македонија во вторник ја санираа оштетената мрежа во тетовскиот регион кој во понеделникот попладнето го зафати силно невреме.

Вонредно силните врнежи и ветрот предизвикаа значителни оштетувања на електродистрибутивната мрежа, а со тоа и прекини во снабдувањето на електрична енергија.

Корисниците во тетовското градско подрачје и од останатите пристапни места во регионот повторно имаат напојување со електрична енергија, благодарејќи на напорите на теренските екипи на ЕВН Македонија од Тетово кои за справување со последиците од невремето добија засилување од колегите од околните градови.

Поради невремето, голем број електрични столбовите беа пандати, а електричните кабли искинати. Без електрична енергија останаа селата: Шипковица, Вејце, Бродец, Бозовце, Вешала, Нераште.

Во регионот околу Шипковица и Нараште, во завршна фаза е инспекцијата на целиот среднонапонски вод преку кој се снабдува овој регион и санацијата на паднатите електрични столбови. Се очекува во во текот на денот да се врати напојувањето со електрична енергија и во овие населени места.

Засилените екипи на ЕВН Македонија и понатаму остануваат на терен во Тетово, вложувајќи големи напори и покрај тешко пристапните терени успешно да ја завршат санацијата на преостанатите дефекти, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП