10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвична помош од 500 евра за погодените од поплавите

Првична помош од 500 евра за погодените од поплавите

vlada 303

Првична еднократна помош од 30.000 денари (500 евра) ќе им биде исплатена на семејствата кои беа погодени од силното невреме во регионот на Тетово, одлучи Владата на вонредната седница.

Повеќе од 200 објекти, приватни куќи, државен имот, земјоделско земјиште и инфраструктура се оштетени во невремето што вчера го зафати тетовско. Сите жители кои претрпеле некаква штета ќе добијат помош од по 30 илјади денари, соопшти вицепремиерот Владимир Пешевски.

Според првичните проценки на координативното тело формирано од Владата, Општина Тетово и неколку надлежни институции, нанесена е огромна штета.

Владата најави дека ќе биде надоместена причинетата штета, откако ќе биде направена проценка на штетата на секој објект.

Пешевски информираше дека е формирано е посебно координативно тело, како и тело за проценка на штетите.

Државата ќе интервенира во санација на државното како и приватното земјиште, а специјална комисија во следните ден-два ќе направи проценка за понатамошни чекори.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи информираше дека среда и четврток ќе бидат прогласени за денови на жалост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП