3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабите деловни резултати ги притиснаа европските берзи

Слабите деловни резултати ги притиснаа европските берзи

evropskite-berber

Водечките индекси на европски берзи во вторникот ослабнаа, под притисок од падот на цените на акцијата на француската банка Credit Agricole и германскиот производител на автомобили BMW, а акциите на енергетските компании околу пладне ослабнаа 0,5 отсто, откако во вчерашното тргување порасна за 0,7 отсто.

Акцијата на Credit Agricole падна за 8 отсто и покрај тоа што во второто тромесечје ја зголеми нето добивката на 920 милиони евра, од минатогодишните 17 милиони, со оглед дека инвеститорите ги загрижи тоа што во овој период банката резервираше дополнителни 350 милиони евра за судски трошоци.

Значително падна и цената на акцијата на BMW, за 2,7 отсто, откако производителот на автомобили извести за три отсто помала оперативна добивка во вториот квартал, од 2,52 милијарди евра, поради забавување на продажбата на кинескиот пазар.

Меѓу губитниците беше и германската авиокомпанија Lufthansa, со пад на цената на акцијата за 3,5 отсто, бидејќи Bank of America Merrill Lynch и го снижи инвестицискиот рејтинг.

Меѓу ретките добитници се издвои производителот на автомобилски гуми Continental, со раст на цената на акцијата од 3,9 отсто, откако ја подигна прогнозата за добивка.

Загриженоста во врска со кинеската економија ги притисна акциите на компаниите кои имаат силни деловни врски во регионот, како европските производители на автомобили и луксузни стоки, но и рударските и акциите на нафтените компании, со оглед дека Кина е водечки производител на суровини.

„Кина и натаму претставува загриженост, а сѐ уште не гледаме високи стапки на раст на добивката во многу деловни извештаи кои досега се објавени“, толкува Тери Томсон, извршен директор на компанијата McLaren Securities.

Во Грција продолжи падот на цените на акциите и во вторник, вториот работен ден по петнеделниот прекин на работењето во банкарскиот сектор. Индексот на банкарските акции, во чиј состав се акциите на четирите најголеми банки, се струполи за 29,2 отсто, што е близу дневниот лимит од 30 отсто, кој беше достигнат во понеделникот.

Главниот индекс на Атинската берза до пладнето беше во минус околу четири отсто, откако на отворањето беше во плус. Во денешното тргување зајакнаа акциите на некои нефинансиски компании, како што е групацијата за игри на среќа OPAP, чика акција порасна за 3,5 отсто и на авиокомпанијата Aegean Airlines со раст на акцијата за 2,7 отсто.

Главниот индекс на Атинската берза во понеделникот потона за 16,2 отсто, што е негов најголем пад во историјата, со што се избришани речиси осим милијарди евра пазарна вредност. Ова е последица на стравувањето на инвеститорите во врска со новиот пакет меѓународна финансиска помош и нивен одговорна влошените изгледи за грчката економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП