17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСакате зголемување на платата? Еве решение!

Сакате зголемување на платата? Еве решение!

povišica-money-640x330

Колку зголемувањето на платата е важно за секој работник сведочи и истражувањето според кое еден од три американски работници би побарале нова работа ако не добие зголемување на платата во првите 12 месеци, пишува BBC.

Ако сакате на својот шеф побезболно да му објасните зошто сте заслужиле зголемување, овие неколку совети ќе ви помогнат:

Подгответе се

Бидете подготвени да разговарате за тоа зошто заслужувате зголемување на платата и зошто токму сега.

Внимателно одберете го моментот

Имајте на ум дека ако компанијата поминува низ реструктуирање и реорганизација најверојатно не е вистинското време за таков чекор.

Не ги користете другите колеги како оправдување

Податоците за платата денес се потранспарентни од било кога, па така полесно можете да дознаете колку вашиот колега заработува повеќе од вас, меѓутоа, тоа не значи дека треба да го искористите тој аргумент. Наместо тоа, вооружете се со податоци за просечната плата на вашата позиција.

Фокусирајте се на повеќе нешта

Парите не се единствениот фактор кој може да го зголеми вашето задоволство во работата која ја работите. Тука е и флексибилното работно време, работата од дома, можноста за едукација и бројни останати погодности на кои можете да се фокусирате.

Не бидете напорни

Можеби сте подготвени да ја напуштите работата ако не добиете повеќе пари, но тоа не морате да му го кажете на шефот. Никој не сака закани.

Бидете подготвени на „НЕ“

Ако вашиот шеф ве одбие тоа не мора да значи дека е крај на светот. Прашајте го дали ќе биде подготвен на нов разговор за шест месеци или прашајте го дали треба да исполните повеќе услови. Обавете отворен разговор и не се разочарувајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП