25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСитуацијата во Прилеп стабилна по обилните врнежи од дожд

Ситуацијата во Прилеп стабилна по обилните врнежи од дожд

pirlep nevreme

По вчерашните обилни врнежи од дожд проследени со силен ветер кои го зафатија Прилеп одржана е седница на Кризниот штаб и интервенирано е од страна на екипите од надлежните институции.

Претседателот на Кризниот штаб, Никола Димески истакна дека досега се поднесени околу 50 пријави од кои 25 се однесуваат на поплавени подрумски простории,  поплавени улици и проблеми со канализационата мрежа.

Екипи од надлежните институции работеа на терен по што отстранети се сите проблеми и ситуацијата е под контрола.

Директорот на ЈКП „Комуналец“  Златко Ристески истакна дека  најголеми наноси има во населбите Тризла и Бончејца кои во текот на наредните два до три дена ќе бидат исчистени како и тоа дека ќе се продолжи со перење на улиците.

Александар Неделкоски претседател на Комисијата за елементарни непогоди истакна дека формирана е Комисијата за проценка на штети која веќе е излезена на терен и постапува по барањата кои утрово беа поднесени во приемното одделение на Општина Прилеп а се однесува на штети кои беа предизвикани од вчерашните обилни врнежи кои го зафатија Прилеп.

Неделкоски додаде дека сите граѓани кои имаат штети предизвикани од вчерашните обилни врнежи да поднесат барање до Комисијата за проценка на штети во приемното одделение на Општина Прилеп. Досега поднесени се единаесет барање по кои веќе се постапува.

Според информациите од Центарот за управување со кризи за период од околу половина час вчера во Прилеп наврнаа од 35 до 40 литри на метар квадратен.

Врнежи од дожд се очекуваат во текон на денешниот ден и во четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП