ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен пункт за донации во Тетово

Отворен пункт за донации во Тетово

te poplava

Собирен пункт за прием на донации отворен е денеска на паркингот позади зградата на општина Тетово, информираа локалните власти.

Градоначалниката на Тетово, Теута Арифи преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да ја покажат својата хуманост на дело.

„Почитувани граѓани, секој од вас кој сака на дело да ја покаже својата хуманост, тоа може да го направи преку донација на храна, вода и препарати за лична хигиена наменети за граѓаните кои беа зафатени од поплавите во критичните зони“, се вели во пораката на Арифи на нејзиниот фејсбук профил.

Во невремето кое го погоди тетовскиот регион во понеделеникот вечерта загинаа четири лица, а едно се води за исчезнато. Причинета е и голема материјална штета.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП