28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ се „лула“, повеќе не е стабилна!

ЕУ се „лула“, повеќе не е стабилна!

eu rejting 322

Американската рејтинг агенција „S&P“ ја намали прогнозата на кредитниот рејтинг на Европската унија од „стабилен“ на „негативен“.

Ваквиот рејтинг следеше откако европскиот блок и понуди помош на Грција, а Велика Британија донесе одлука да одржи референдум за излез од ЕУ.

Најновата одлука значи дека агенцијата во следните две години би можела да ја намали рејтинг оценката на Европската унија на „AA+“, пренесуваат светските медиуми.

Како една од причините за намалување на прогнозата, „S&P“ ја наведува „континуираната употреба на биланост на состојбата на самата ЕУ за обезбедување на финансиска помош на членките на Унијата (неодамна и Грција), без финансиски придонес на самите членки“.

Рејтинг агенцијата, исто така, изрази очекувања дека Европската унија ќе обезбеди гаранција во случај на можните загуби од кредитите поврзани со инвестицискиот план на Јункер, според кој во наредните три години се планирани инвестиции во Европа вредни 315 милијарди евра.

Загриженоста на „S&P“ во врска со Британија е поврзана со зголеменото вложување на оваа држава во ЕУ, бидејќи Британија, Германија и Франција се земјите кои најмногу придонесуваат во буџетот на ЕУ.

Конзервативниот британски премиер Дејвид Камерон неодамна изјави дека ќе се залага за останување на Британија во ЕУ, доколку му бидат овозможени повторни преговори за условите за членство, како причина за зајакнување на суверенитетот на Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП