24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 1.100 повици минатата недела на Ало докторе

Над 1.100 повици минатата недела на Ало докторе

alo-soktore

Вкупно 1.175 повици биле регистрирани минатата седмица на телефонската линија за медицински совет Ало докторе, соопштено е во понеделникот.

Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус, и симптомна болка.

Поради високите температури многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија Ало докторе им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП