5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВонредна владина седница за помош за Тетово по стихијното невреме

Вонредна владина седница за помош за Тетово по стихијното невреме

poplavi te

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев информираше дека денеска е закажа владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи, на која ќе се разгледаат состојбите и ќе утврдуваат понатамошните активности и пред се помошта за населението и субјектите, откако во понеделникот доцна ноќта премиерот Никола Груевски придружуван од вицепремиерот Владимир Пешевски, министрите за одбрана и за внатрешни работи Зоран Јолевски односно  Митко Чавков, како и државниот секретар за транспорт и врски Божидар Петроски ги посетија настраданите населби.

Според последните сé уште непотврдени информации, најмалку пет лица ги загубија животот, од кои две се деца, а уште единаесет се повредени во силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер што во доцните попладневни часови го зафати Полошкиот регион, а особено настрада Општина Тетово и околните населби.

„Правиме сé што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во погодените места, мобилизирани се сите можни институции“, изјави ноќта кон вторникот премиерот Никола Груевски од Tетово, каде што пристигна по информациите за тешката ситуација предизвикана од стихијното невреме.

Премиерот истакна дека веднаш откако ја примил информацијата за несреќите во Тетово и регионот, прво телефонски со раководителите на надлежните институции била организирана помош за настраданите жители.

„Веднаш потоа тргнав за Тетово заедно со потпретседателот Пешевски, со министерот за одбрана Јолевски, министерот за внатрешни работи Чавков и бевме во Голема Речица. Таму состојбата е лоша. Се видов со голем дел од месното население, ми раскажаа како точно се случило, дека всушност станува збор за излевање на реката поради надојдени води и дека има жртви. Во оваа прилика дозволете да изразам сочувство за семејства на жртвите. Слушнав дека најлоша е состојбата во Шипковица. По Голема Речица и средбата со граѓаните, дојдов овде во болницата каде поразговарав со директорот, ми кажа дека тука биле донесени две лица кои починале и уште девет повредени од кои едно е задржано овде во тетовската болница, другото е пратено за Скопје заради потешки повреди“, рече Груевски во телевизиската изјава ноќта кон вторникот.

Посочи дека екипи од тетовската болница со соработниците ќе замине за Шипковица, откако добиле информации дека првите екипи за санирање на ситуацијата успеале да се пробија во селото.

„Навистина жалам за сево ова што се случи, правиме сé што можеме, имаме направено максимална мобилизација на сите можни институции, како на цетрална власт, така и општинската власт е максимално мобилизирана, распространети сме на сите страни, се прави се што е во наша моќ да помогнеме на луѓето во погодените места, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП