3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНормализиран сообраќајот на патот Тетово - Попова Шапка

Нормализиран сообраќајот на патот Тетово – Попова Шапка

поплава

Патниот правец Тетово – Попова Шапка е расчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци.

Како што соопшти АМСМ, поради излевање на реката во село Доброште, во прекин во двата правца сé уште е регионалниот пат Тетово – Јажинце.

Надојдената вода на Вратничка река целосно го оштетила мостот кој ги поврзува селата горно Орашје и Нераште.

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Сообраќајот на сите државни патишта, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини Богородица и Табановце има задржување околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопштија од АМСМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП