2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина и доверителите договорени пензиските реформи да се применуваат од јуни

Атина и доверителите договорени пензиските реформи да се применуваат од јуни

penzioneri

Грција и нејзините доверители кои преговараат за третата програма меѓународна финансиска помош, постигнале согласност реформите во пензискиот систем да се применуваат само на лицата пензионирани по јуни.

Кога кредиторите во јуни се согласија на преговори за договорот со кој требаше да се спречи банкротот на Грција и евентуалното излегување од еврозоната, Атина се согласи до крајот на октомври годинава да спроведе темелни реформи, како што е и подигнување на старосната граница за заминување во пензија. Доверителите сакаат возраста за пензионирање да биде крената од 62 на 67 години.

Новата трета програма за помош на Грција во износ до 86 милијарди евра мора да биде усогласена до 20-ти август, доколку Грција сака да биде во можноста да ги отплати 3,5 милијарди евра долг кон Европската централна банка кои тој ден стигнуваат за наплата.

Претставниците на ткн „квартет“, на Европската централна банка, Европската комисија, Европскиот механизам за стабилизација и Меѓународниот монетарен фонд се сретнаа во понеделникот во Атина со грчкиот министер за труд Јорго Катругалос.

„Се договоривме дека пензиските права стекнати до 30-ти јуни нема да бидат опфатени, изјавил за Reuters претставник на министерството за труд. Додал дека деталите од пензиските реформи Грција ќе ги дефинира до октомври, а сите предлози во врска со пазарот на трудот до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП