17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад од 22,87 отсто на акциите на атинската берза

Пад од 22,87 отсто на акциите на атинската берза

atinska-berza

Акциите на атинската берза паднаа во понеделникот за 22,87 отсто, откако берзата беше отворена по петнеделна пауза.

Четирите најголеми грчки банки Пиреус Банка, Националната банка на Грција, Алфа банка и Еуробанка, се во пад од 30 отсто.

Банките сочинуваат околу петтина од главниот берзански индекс во Атина.

Берзата во Атина беше затворена на 29 јуни кога кулминираше должничката криза, заради што беше воведена контрола на капиталот за да се спречи колапс на банкарскиот систем.

Банките во меѓувреме се отворени, но е задржано ограничувањето за повлекување на пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП