17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадот на кинеската побарувачка влијаеше врз планираната продажба на Ауди

Падот на кинеската побарувачка влијаеше врз планираната продажба на Ауди

audi-factory-2

Германскиот производител на автомобили Ауди ја намали прогнозата на продажните резултати за тековната година, заради намалената побарувачка во Кина.

Ауди во иднина смета на раст на продажбата од три до четири отсто во однос на минатата година, кога забележа рекордна продажба од 1,74 милиони возила, пренесува Reuters.

Пред два месеца компанијата објави дека за ова година очекува раст на глобалната продажба од пет до 9,9 отсто.

Комерцијалниот директор, Кристијан Клингер, соопшти дека перспективите на кинескиот пазар се неизвесни, каде што Ауди продаде третина од вкупно 902,4 илјади возила во светот, во првата половина на годината.

Истовремено, оперативниот профит скокна 9,1 отсто благодарејќи на силниот раст на продажбата на европскиот пазар.

Во соопштението се додава дека трошоците во врска со лансирањето на новите модели како „SUV Q7“ и лимузината „А4“ до некаде го намалиле полугодишниот резултат.

Што се однесува до вкупните годишни приходи, Ауди потврди дека очекува нивен раст, со оперативна маржа од осум до десет отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП