24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХонда забележа скок на профитот

Хонда забележа скок на профитот

hondahon111

Јапонскиот производител на автомобили Хонда во првиот деловен квартал забележа скок на профитот од 20 отсто благодарејќи на слабеењето на јенот.

Слабеењето на јенот ги надомести загубите предизвикани од масовното повлекување на возилата заради дефект на воздушните перничиња.

Хонда во три месеца заклучно со јуни оствари нето профит од 186 милијарди јени, во однос на 155,6 милијарди од истиот период минатата година, пренесува агенцијата AP.

Приходите истовремено пораснале речиси 16 отсто на 3,7 билиони јени, пред сè благодарејќи на силната продажба, првенствено во Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП