13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзненадувачки раст на стапката на невработеност во Италија

Изненадувачки раст на стапката на невработеност во Италија

nevrabotenievrozona468484

Стапката на невработеност во Италија, спротивно на очекувањата се зголеми во јуни на 12,7 од 12,5 проценти забележани во мај од работоспособното население.

Покрај тоа, забележано е и историско рекордно ниво на невработеност меѓу младите, покажуваат официјалните статистички податоци.

Економистите за месец јуни оваа година предвидуваа дека стапката на невработеност во Италија ќе изнесува 12,3 проценти, пренесува Ројтерс.

Во категоријата најмлади (од 15 до 24 години) невработеноста исто така беше во пораст и тоа од 42,4 проценти на 44,2 проценти, што е најголемата стапка од почетокот на статистичкото следење во 1977 година, прецизира Националниот статистички завод Истат.

Како што наведува, оваа трета најголема економија во еврозоната во 2015 година повторно забележала раст, после три години рецесија, но тоа сеуште не довело до подобрување на пазарот на труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП