18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Политичката криза влијаеше на економијата

Груевски: Политичката криза влијаеше на економијата

guevski-sbranie-nikola-gruevski

Политичката криза во изминатите месеци имаше свое влијание врз економијата, изјави денес премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање на пратеникот Влатко Ѓорчев.

„Некои од инвеститорите ги одложија своите одлуки па дури откако завршија одредени делови, некаде во јуни – јули, околу разговорите за надминување на кризата дури тогаш почнаа да ме информираат дека донеле одлуки за инвестирање во Македонија. Некои од нив се уште ги немаат донесено и работиме со нив, но некои веќе ги донесоа и ги објавија одлуките во јуни и во јули. Но, тоа можеше да биде во март, во февруари и ќе беше но поради состојбите одлучија да почекаат да видат што ќе се случи“, рече Груевски.

Премиерот додаде дека безмалку сите роудшоуа во првата половина од годината ги одложиле, од причини што морало да бидате фокусирани на домашната креирана криза од страна на опозицијата за таа да биде надмината.

Само едно или две претставувања на бизнис потенцијалите на Македонија, според премиерот, се одржале од почетокот на годината. Министрите задолжени за инвестиции одржувале состаноци и презентации, но и тие, како што рече премиерот, биле во една непријатност бидејќи секаде прво требало да ги објаснуваат домашните кризни состојби, а потоа да прејдат на економскиот дел и на предностите што Македонија ги нуди за странските инвеститори.

И покрај кризата, американската компанија „Леар“, рече Груевски, веќе објави дека во полошкиот регион, најпрвин со браунфилд инвестиција во Гостивар, а потоа и со гринфилд инвестиција во Тетово ќе вработи до 3.000 луѓе

Секако, тукаа се, рече премиерот и „Кондело“ од Италија, ОДВ Електрик во зоната на Струга – Охрид, новиот капацитет на леарницата во Пробиштип…

Најави дека се договара со уште неколку значајни компании, кои очекува во наредните неколку месеци да ги објават своите одлуки.

„Некои од нив веќе градат. Тие не се само одлична можност за вработување туку и одлична можност за соработка на домашните компании со нив кои би можеле да станат нивни добавувачи“, рече Груевски.

За таа цел е организиран голем состанок помеѓу претставниците на странските компании и домашните кои имаат потенцијал да станат нивни партнери, а веќе од оваа есен е планиран проект за правење дополнителни напори за поврзување на странските со домашните компании. Груевски смета дека домашните компании би можеле да произведуваат одредени делови кои тие ги купуваат од надвор од компании од други држави.

Прашања постави пратеничката од ДОМ, на која писмено ќе и биде одговорено. Првото прашање беше за законот за зеленило, а второто се однесуваше на влијанието врз здравјето на луѓето во Пробиштип и околината од страна на новата топилница. „Секоја тешка индустрија е загадувачка, не може да биде зелена. Нема зелена технологија за малку пари“, рече Поповска, која смета дека на Македонија воопшто не и треба тешка индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП