17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарното повтинува 0,19 отсто, корисниците ќе се грејат еден час гратис

Парното повтинува 0,19 отсто, корисниците ќе се грејат еден час гратис

parno 0303

Цената на топлинската енергија за корисниците приклучени на мрежата на Балкан енерџи груп (БЕГ) од 1-ви август се намалува за 0,19 отсто, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Покрај ова, донесена е одлука во новата грејна сезона, која започнува од 15-ти октомври 2015-та година, радијаторите да бидат топли до 22 часот, наместо до 21 часот, како што беше пракса во претходната година. Тоа значи дека БЕГ ќе испорачува топлинска енергија од 06 до 22 часот.

Сметките за корисниците кои се исклучени од системот, а имаат законска обврска да ги плаќаат само фиксните трошоци, се намалуваат за 0,75 отсто

Образовните институции (детските градинки, училиштата)  кои ги користат услугите на БЕГ, ќе плаќаат за 14,45 отсто помалку.

Цената на парното греење за корисниците на ЕЛЕМ енергетика, кој е снабдувач во скопските населби Автокоманда, Гази Баба и Хиподром, во просек ќе имаат за 0,86 отсто пониски сметки, со тоа што услугите за корисниците кои плаќаат топлинска енергија по грејач  се намалуваат за четири отсто, додека за еден отсто поскапуваат услугите за корисниците кои плаќаат по метар квадратен.

Цената на топлинската енергија за потрошувачите приклучени на снабдувачот Скопје Север, односно жителите на Чаир и Бутел, останува непроменети.

Првиот човек на РКЕ, Димитар Петров појасни дека намалувањето на топлинската енергија се должи на намалената цена на горивата, поточно на природниот гас.

Петров информираше дека во претстојната сезона се изменува начинот со кој снабдувачите ќе имаат обврска порано да ја започнат сезоната, или пак, да ја продолжат. Тој прецизираше дека мерило за оваа обврска во иднина ќе биде доколку средната температура која ќе ја достави УХМР за еден ден е под 12 степени, а не како што беше до сега три дена последователно температурата да биде под 12 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП