27 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУчебната година ќе почне на 1-ви септември

Учебната година ќе почне на 1-ви септември

skolo 333

Учебната 2015/2016 година ќе почне на 1-ви септември, како и во минатите години, одлучила Владата на седница во среда на која била разгледана иницијативата на хотелиерите летниот распуст да се продолжи до 15-ти септември поради слаби резултати во туристичката сезона во мај и во јуни.

Заклучокот го соопшти заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој рече дека тој произлегол од консултации со стручни лица од воспитно-образовниот процес и професори од педагошките факултети.

„Констатиравме дека во овој момент, безмалку триесетина дена до почетокот на новата учебна година, е предоцна да се прават какви било корекции. Го разбираме барањето и иницијативата на дел од туристичките работници, меѓутоа секогаш се водиме од најдобриот интерес на учениците. Учебната година, како и секогаш, ќе почне на 1-ви септември и апелирам до учениците и нивните семејства да си ги реализираат своите подготовки за почеток на наставата“, рече Ристовски.

Владата ги задолжила министерствата за образование и наука и за економија во наредните месеци да направат подлабока анализа, секое од свој аспект, за ефектите од евентуална промена во начинот на организација на учебната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар