26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија во економски залет

Шпанија во економски залет

shpanija-madrid

Шпанската економија пораснала во вториот квартал за еден процент во однос на претходниот, што е најдобриот раст по појавата на економската криза во 2007 година.

Периодот април-јуни е осми последователен квартал во кој Шпанија остварува раст. Шпанската статистичка служба соопшти дека растот во вториот квартал на годишно ниво изнесувал 3,1 проценти.

Шпанија беше тешко погодена од светската финансиска криза и од двојната рецесија излезе на крајот на 2013 година, а и понатаму има огромна невработеност од 22,4 проценти, што е втората најголема во Европската унија зад Грција.

Владата предвидува дека БДП оваа година ќе порасне за 3,3 проценти, а следната за три проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП