3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловните резултати ги поттикнаа европските берзи

Деловните резултати ги поттикнаа европските берзи

berza evropa

Цените на акциите пораснаа во четвртокот, благодарение на подобрите од очекувани деловни резултати на низа економски компании, но инвеститорите ги загрижува слабеењето на кинеската на економија.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 12.00 часот беше во плус 0,1 отсто, откако вчера скокна за 1 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во плус 0,40 отсто, на 6.658 поени, додека париски CAC зајакна за 0,30 отсто, на 5.031 поен, а франкфуртски DAX 0,20 отсто, на 11.232 поени.

На самиот почеток на денешното тргување цените на акциите значително пораснаа со оглед дека Siemens, Deutsche Bank и Nokia ја продолжија низата на европски компании кои известија за подобрите од очекувани квартални деловни резултати.

Меѓутоа, некои компании, како Renault и Anheuser-Busch InBev предупредија на негативно влијание на забавувањето на кинеската економија, што инвеститорите ги наведе на внимателност, па берзанските индекси загубија дел од почетните загуби.

„Се чини дека има повеќе потенцијал за раст на добивките на компаниите од еврозоната отколку од САД, што не чуди, со оглед на падот на курсот на еврото кон доларот и закрепнувањето на економијата на еврозоната. Меѓутоа, кинеската економија и натаму ослабнува, што лошо влијае на работењето во Кина“, вели Криштоф Риникер, стратег во банката „Julius Baer“.

Аналитичарите на „JPMorgan“, порачаа денеска дека сезоната на објава на деловни резултати на европските компании, која е некаде на третина, покажува дека се повеќе компании ги надминале очекувањата.

Позитивно на берзите влијаеше и релативно оптимистичкиот осврт на американската централна банка. По дводневната седница, челниците на Фед порачаа дека вчера клучните каматни стапки останаа непроменети и дека американската економија закрепнува по падот во првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП