4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова инвестиција од ОДВ Електрик, ќе се вработат 1.000 лица

Нова инвестиција од ОДВ Електрик, ќе се вработат 1.000 лица

odv-elektrik----ploko

Потпишан е договор со компанијата ОДВ Електрик, која планира инвестиција од 15 милиони евра, за градба на капацитет во Струга и етапно вработување на 1.000 лица.

Компанијата која се занимава со производство од автомобилската индустрија веќе има инвестирано во Македонија и во Охрид веќе има вработено повеќе од 130 лица, до крајот на годинава бројот на вработени ќе достигне 150, а етапно вкупно ќе вработи 1.000 македонски граѓани.

„Владата на Република Македонија и државните институции ќе останат голем партнер на челниците на оваа, како и на сите други компании заинтересирани да инвестираат во Македонија. Остануваме посветени на нови инвестиции, отворање на нови работни места, креирање на одлични услови за инвестирање и создавање на поволна бизнис клима“, рече премиерот Никола Груевски.

Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, истакна дека со челниците на компанијата тој и премиерот оствариле средби на владиното роуд шоу во Штутгарт.

„Десет дена потоа претставници од компанијата дојдоа во Македонија и со нас поминаа низ технолошко-индустриските зони за лично да ги погледнат можностите за инвестирање. За две недели ќе започнат со изградба на нов капацитет, а до средината на 2016 година се очекува објектот да стане функционален и да започнат со работа“, рече Мизо.

Иако, челниците на ОДВ Електрик разгледувале повеќе држави како опции за своја нова инвестиција, сепак ја избрале Македонија бидејќи, како што рекоа, претставниците на македонската влада точно знаат што очекуваат инвеститорите и што им е потребно.

„Организацијата на чело со Виктор Мизо во текот на целиот процес не поддржуваше и соработуваше со нас, па постигнавме резултати подобри од во која било друга земја. Брзиот почеток на работата во веќе постоечки објект и планот за почеток во нова локација не ни беа понудени во ниту една друга земја“, рече Лудвиг Батон, извршен директор на ОДВ Електрик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП