
Германскиот фармацевтски гигант „Bayer“ во вториот квартал од оваа година оствари профит од 2,90 милијарди евра, што претставува раст од 33,2 проценти за една година.


Германскиот фармацевтски гигант „Bayer“ во вториот квартал од оваа година оствари профит од 2,90 милијарди евра, што претставува раст од 33,2 проценти за една година.
Бруто профитот е поголем од очекувањата на аналитичарите, кои во просек предвидуваа 2,68 милијарди евра.
Како што соопштија од германската компанија, приходот во вториот квартал е зголемен за 18,2 проценти, на 12,09 милијарди евра, надминувајќи ги исто така предвидувањата на аналитичарите, што, меѓу останатото, се должи на антикоагулантот „Xarelto“, чија продажба е зголемена за 42,6 проценти.
„Bayer“ постигна голем раст на деловните резултати во извештајниот период благодарение на поволниот курс на еврото и побарувачката за новите лекови на рецепт, како што е оралниот антикоагулант „Xarelto“.
Фармацевтската компанија и понатаму предвидува за 2015 година Ебитда во пораст од околу 20 проценти, со оглед на позитивниот ефект на валутниот курс од околу пет проценти, а не осум проценти како што претходно беше проценето.