28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСад од 2,2 милиони долари

Сад од 2,2 милиони долари

ding1

Кинески сад стар илјада години, купен за неколку долари на распродажба во Њујорк, вчера на аукција беше продаден за повеќе од 2,2 милиони долари.

Неименуваното семејство од Њујорк го купилo садот наречен „Динг“од Северната династија Сонг за три долари во 2007 година, семејството непознавајќи ја неговата вистинска вредност, садот го чувало на каминот, објавува аукциската куќа „Sotheby’s“.

Откако ова семејство се консултирало со експерти, одлучило овој сад да го продаде на аукција, а „Sotheby’s“ вредноста на овој кинески сад ја процени на 200 до 300 илјади амрикански долари.

Меѓутоа, лондонскиот трговец со антиквитети Џузепе Ескенази за овој сад , чиј пречник е само 12,7 см, платил дури 2,225,000 долари.

„Sotheby’s“ објави дека уште еден ваков сличен сад со слична големина и украси се наоѓа во колекцијата на Британскиот музеј во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП