16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка со добивка од над пола милијарда денари за првата...

НЛБ Тутунска банка со добивка од над пола милијарда денари за првата половина од оваа година

nlb

НЛБ Тутунска банка во периодот од 1.1.2015 до 30.6.2015 година работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2015 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата, се вели во соопштението.

Во првата половина од 2015 година, нето каматните приходи пораснале за 17,9% во однос на истиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 1,5%, поради повисоки остварени приходи од камата во сегментот население, кои пак се резултат на повисока состојба на кредити при намалени каматни стапки во однос на минатата година, како и поради повисок износ на наплатени камати од сомнителни и спорни побарувања. Расходите по камати се пониски за 23,9% како резултат на намалување на каматните стапки на депозитите и помал износ на обврски по кредити.

Нето приходите од провизии се повисоки за 1,4%. Приходите од провизии се зголемени за 6,6% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на картички и зголемен број на трансакции во ПОС мрежата), зголемен обем на тргувања со хартии од вредност за клиенти, зголемени приходи во управувањето со имот на фондовите, како и поради повисоки остварени приходи од водење на трансакциски сметки и лично банкарство.

Расходите за провизии се повисоки за 23,3%, главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење (зголемување на бројот и вредноста на трансакциите и зголемена цена на провизија за меѓубанкарско порамнување, провизии за кредитни посредници и зголемени трошоци за работа со готовина).

Останатите некаматни приходи изнесуваат 148.215 илјади МКД и се повисоки за 48,6% во однос на претходната година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.777.546 илјади МКД и се повисоки за 15,1%.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 823.357 илјади МКД и се повисоки за 2,7%.

Во првото полугодие од 2015 година биле издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 333.728 илјади МКД. Издвоените исправки соодветствуваат на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.6.2015 година изнесува 509.763 илјади МКД и е повисока за 44,3% во однос на истиот период од 2014 година.

Неревидираниот биланс на успех на Банката можете да го погледнете тука:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП